Кинеските судови годишно процесуираат над 1,66 милиони луѓе

Кина знаме Кинеска комунистичка партија ККП Кинез
Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Во периодот од 2017 до 2022 кинеските судови процесуирале 8,3 милиони луѓе, што е зголемување за 12 отсто во однос на претходниот период.

Исто така, за речиси 20 проценти е зголемен и бројот на жалби на судските пресуди.

Директорот на Кинеското врховно народно обвинителство во заминување, Џанг Јун, вели дека гонењето за насилни злосторства е намалено за 31,7 отсто, додека гонењето за онлајн злосторства како што се коцкање, измама и ширење непристојни материјали се зголемени за 43,3 проценти.

Во претходниот извештај е нагласено дека имало 1.400 обвиненија за прекршоци за националната безбедност меѓу 2018 и 2022 година, но тоа не било споменато во официјалниот извештај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот