Кинеските научници: Луѓето со крвна група А се најзагрозени од коронавирус

Луѓето со крвна група А (II) се најмногу подложни на инфицирање со коронавирусот, додека оние со нулта крвна група се најотпорни, е резултатот на истражувањето на група кинески научници објавено на веб-страницата „меРрксив“ (medRxiv).

Кинеските научници прегледале податоци од 2.000 пациенти од болници во Вухан и Шенжен, вклучувајќи и повеќе од 200 смртни случаи.

Според најновите податоци, меѓу жителите на Вухан, од нив 24 отсто имаат нулта крвна група, 32 отсто тип А (II), 25 отсто Б (III) и 9 отсто (IV).

За да дојдат до овие податоци, научниците ја анализирале крвта на 3.700 жители на Вухан кои не се заразени со коронавирусот.

Од друга страна, најмногу заразени жители на Вухан (38 отсто) се оние со крвна група А, додека 26,4 заболени се со крвна група Б, а 25,8 отсто имаат нулта крвна група. Најмалку пациенти,10 отсто, се оние со крвна група АБ.

Според тоа, се вели во истражувањето, најзагрозени се оние со крвна група А, додека оние со нулта крвна група се најмалку заболени од вирусот ковид-19.

За да ја проверат својата теорија, тие направиле контролно истражување на 398 дополнителни пациенти од Вуџан и Шенжен и добиле ист резултат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот