Кинеските научници изолираа антитела кои го блокираат продирањето на коронавирусот

Тим кинески научници изолираше неколку антитела, за кои се тврди дека се „исклучително ефикасни” во спречување на продирањето на коронавирусот во клетките. Ваквите сознанија можат да бидат употребени за лекување и превенција на заразата со овој вирус.

Научникот Жанг Линк од Универзитетот Џинхуа во Пекинг вели дека лекот против Ковид-19, кој би бил направен од издвоени антитела би можел да биде поефикасен од плазмата која сега се користи и чија употреба е ограничена по крвна група.

Истражувачкиот тим на почетокот на годината почнал со проучување на примероци од крв на пациенти, излекувани од коронавирус. Тогаш се изолирани 206 антитела, кои покажале способност да се врзат за протеините на вирусот. Од дваесетина антитела, кои понатаму се тестирани, четири покажале способност да го спречат вирусот да продре во клетките, од кои две биле исклучително успешни во тоа.

Прочитајте и...  Продолжува златната треска: Цената на златото вртоглаво расте

Тимот научници сега работи на идентификување на најмоќните антитела и потенцијално, со комбинирање на тие антитела да се намали ризикот од мутација на вирусот, појасни Жанг.во интервју за Ројтерс, кое го пренесуваат повеќе светски медиуми.

Лекот би можел да се дава на припадниците на ризичните групи за да се намали можноста од инфекција, но истражувачите потенцираат дека не станува збор за вакцина.

Кинеските научници се надеваат дека тестирањето на антителата на луѓе ќе може да почне за шест месеци. Но и доколку се покаже ефикасност при тестирањето, за вистинска примена на третманот ќе биде потребно подолго време.

Сепак, други експерти апелираат на претпазливост.

– Има голем број чекори кои треба да се следат пред да биде користен како третман за заболени од коронавирус, изјави специјалистот за инфективни болест од Универзитетот во Хонг Конг Бен Ковлинг кога му биле пренесени сознанијата на кинеските научници.

Прочитајте и...  Фаучи: Сериозно се сомневам дека руската вакцина е безбедна и ефикасна

– Сепак, навистина е возбудливо да се пронајдат вакви потенцијални третмани, и потоа да се има можност тие да бидат тестирани. Колку повеќе доброволци најдеме, ќе имаме подобар третман на пациентите, појасни Ковлинг.

Прочитај повеќе

Израел осуети кибер напад врз одбранбената индустрија

Слободен печат

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

Слободен печат

Русија планира месечно да произведе по 5 милиони вакцини против ковид-19, по цена од 10 долари за 2 дози

Слободен печат

Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка по информацијата дека ќе ја изгуби лиценцата за работа

Слободен печат

Кина реагира за врските на САД со Тајван: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најмалку 800 луѓе во светот починаа поради дезинформации за Ковид-19

Слободен печат

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

Слободен печат

Костовски: Двојна игра на НБ, ако беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година

Слободен печат

Екстремистите го зазедоа клучното пристаниште во Мозамбик

Слободен печат

Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Нина Ангеловска ги извадила парите од Еуростандард банка пред затворање?

Слободен печат