Кинеските компании се здружуваат против Гугл

Хуавеи, Шаоми, Опо и Виво заедно работат на платформа која ќе им овозможи на девелоперите надвор од Кина да прикачат и развијат свои апликации за работа на сите овие компании. Како што пренесува Ројтерс, тие се здружиле во заедничка алијанса под името ГДСА (Global Developer Service Alliance) за да оневозможат глобална доминација на „Google Play Store“.

„Google Play Store“ е инаку забранет во Кина, па тамошните корисници се навикнале апликациите да ги преземат од различни продавници на апликации од кои повеќето ги контролираат Хуавеи и Опо. Меѓутоа, надвор од Кина „Google Play Store“ останува доминантен бидејќи на едно место дава можност за корисниците да ги пронајдат сите апликации. Хуавеи, кој е соочен со забрана од САД, веќе не може да користи Гугл сервиси на своите телефони, па така нивните корисници надвор од Кина остануваат без бројни апликации и главната цел им е тоа да го променат.

Прочитајте и...  Светот нема ништо да ви подари, верувајте ми - Ако сакате да имате живот, украдете го: Највредните цитати на Гијом Мисо!

Воедно, Хуавеи развива сопствен оперативен систем Хармони ОС и најавиле една милијарда инвестиција за девелопери за да ја прошират понудата за своите Хуавеи мобилни сервиси, нивната алтернатива за Гугл сервисите.

ГДСА планира своите услуги да ги пружи на девет земји и региони, вклучувајќи ги Индија, Русија, Индонезија и Малезија.

Прочитај повеќе

Ако не сте мотивирани за работа, можеби сте осамени – размислете за тоа!

Слободен печат

„Шенон не сака да бега од вистината – таа умира“ – Пријател на славната актерка откри сè за нејзината борба со ракот

Слободен печат

Топ 10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Слободен печат

Како до неодоливо и сочно месо – Маринада за месо на скара со која секое залче ќе има уникатен вкус!

Слободен печат

Анџелина Џоли на 16 и 44 години: Прашува на која слика е поубава (ФОТО)

Слободен печат

Том Хенкс сам го финансирал снимањето на неколку сцени од „Форест Гамп“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Трик на една мајка по кој плочките во бањата ќе ви блескаат

Слободен печат

Светот нема ништо да ви подари, верувајте ми – Ако сакате да имате живот, украдете го: Највредните цитати на Гијом Мисо!

Слободен печат

Хроно појадок: Зучини тава

Слободен печат

Хибискус: Моќна билка која го нормализира високиот притисок

Слободен печат

Хороскоп за 27 септември, недела – Не ја бркајте среќата, дозволете таа да ве пронајде

Слободен печат

Виц на денот: Туѓи грешки

Слободен печат