Кинескиот вицепремиер Динг Ксуеџијанг во Давос / Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Кинескиот вицепремиер во Давос: Во трговска војна нема победници, протекционизмот никаде не води

Протекционизмот не води никаде, а во трговската војна нема победници, рече денеска кинескиот вицепремиер Динг Ксуеџијанг на Светскиот економски форум во Давос, според „Би-би-си“.

Кинескиот функционер во обраќањето рече дека мултилатерализмот е „вистинскиот пат за одржување на светскиот мир и унапредување на човечкиот развој“ додавајќи дека Кина „не брка трговски суфицит“ и е подготвена да увезе поконкурентни и поквалитетни производи и услуги за да ја балансира трговијата, рече кинескиот претставник.

Според него, глобалната соработка е од суштинско значење за решавање на големите глобални предизвици како што се климатските промени, безбедноста на храната и енергетската стабилност.

„Владата во Пекинг ќе остане посветена на транзицијата кон зелена енергија, и покрај повлекувањето на Соединетите Држави од Парискиот климатски договор“, додаде Ксуеџијанг.

Кина го отфрла „менталитетот на Студената војна“ и технолошките јазови меѓу богатите и сиромашните земји, ќе продолжи со реформите и исто така ќе одговори на загриженоста на странските инвеститори за недостатокот на „рамноправно поле за игра“ на кинескиот пазар, рече кинескиот вицепремиерот во својот говор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот