Кинескиот туризам се опорави за време на првомајските празници

Само за 1. мај приходот од туризмот изнесувал 43,2 милијарди јуана, односно над 6 милијарди американски долари, се вели во извештајот на Министерството за култура и туризам кој го објавија кинеските медиуми.

Откако Кина го стави под контрола ширењето на корона вирусот и се справи со епидемијата, голем број туристички локации во земјата повторно се отворени и привлекоа голем број туристи за време на петдневното празнување за Први мај и само во првите четири дена биле регистрирани 104 милиони домашни патувања.

Само за 1. мај приходот од туризмот изнесувал 43,2 милијарди јуана, односно над 6 милијарди американски долари, се вели во извештајот на Министерството за култура и туризам кој го објавија кинеските медиуми.

Овој пораст е забележан поради намалувањето на туристичките ограничувања, имајќи предвид дека бројот на заразени во Кина е значително опаднат.

Во првите три дена одмор, 124 туристички атракции во Пекинг примиле 1,89 милиони туристи, што е за 58,5 отсто повеќе во споредба со тридневниот празник „Чингминг“ кој се празнува на почетокот од април.

Во Шангај, 130 главни туристички атракции примиле повеќе од милион туристи само за првите два дена од петдневното празнување.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот