Кинескиот претседател Си Џинпинг на средби со Павлопулос и Мицотакис

Со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и со премиерот на земјата, Кирјакос Мицотакис, ќе оствари денес средби претседателот на Народна Република Кина, Си Ѓинпинг кој од вчера е во официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Си Џинпинг синоќа пристигна на атинскиот аеродром, а беше пречекан од шефот на грчката дипломатија Никос Денсиас и генералниот секретар на грчкиот претседател, Јоргос Гениматас.

Во попладневните часови, претседателот на Кина ќе го посети седиштето на кинеската компанија COSCO на атинското пристаниште Пиреас, а утре во придружба на неговиот домаќин, грчкиот претседател, ќе го посета музејот на Акропол.

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во интервју за кинеската телевизија CCTV вели дека посетата на Си Џинпинг на Атина означува нов период во односите меѓу двете земји.

Павлопулос истакнува дека економските односи меѓу Грција и Кина се во корист и на двете земји особено по 2006 и инвестицијата на COSCO.

Претседателот на Кина, минатиот понеделник се сретна со грчкиот премиер во рамките на посетата на Кирјакос Мицотакис на Шангај и учеството на Меѓународниот саем. На средбата, според грчки владини извори биле потврдени врските на пријателство и соработка меѓу двете земји и станало збор за областите во кои може да се зајакне и прошири оваа соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот