Кинескиот претседател од недела во официјална посета на Грција

си џинпинг
Си Џинпинг / Фото: Профимедиа

На покана на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг од 10 до 12 ноември 2019 ќе оствари официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на тридневната посета, кинескиот претседател ќе биде примен од неговиот грчки колега, а ќе оствари средба и со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

Си Џинпинг во Атина ќе пристигне в недела попладне, а средбите се закажани за понеделник. Паралелно, планирано е да го посети седиштето на кинеската компанија COSCO на атинското пристаниште Пиреас, но и музејот на Акропол.

Претседателот на Кина, во понеделникот се сретна со грчкиот премиер во рамките на посетата на Кирјакос Мицотакис на Шангај и учеството на Меѓународниот саем. На средбата, според грчки владини извори биле потврдени врските на пријателство и соработка меѓу двете земји и станало збор за областите во кои може да се зајакне и прошири оваа соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот