Кинескиот претседател бара од светските сили да им помогнат на Русија и Украина за да се обнови дијалогот

Претседателот на Кина, Си Џипинг/ Фото EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV/

Кинеските државни медиуми наведуваат дека лидерот Си Џинпинг ги повикал светските сили да им помогнат на Русија и Украина да го обноват директниот дијалог.

Си Џинпинг денеска му рекол на унгарскиот лидер Виктор Орбан кој е во посета на земјата дека светските сили треба да им помогнат на Русија и Украина повторно да започнат директни мировни преговори, јави државната телевизија CCTV.

-Меѓународната заедница треба да создаде услови и да обезбеди помош за двете страни да продолжат со директен дијалог и преговори“, му рекол Си на Орбан, додавајќи: „Само кога сите големи сили ќе вложат позитивна енергија наместо негативна енергија, може да дојде до прекин на огнот во овој конфликт и тоа што е можно поскоро“.

Орбан, кој неодамна ги посети Москва и Киев, претходно рече дека неговото ненајавено патување во кинескиот главен град е „Мировна мисија 3.0“.

Посетата доаѓа еден ден пред НАТО да одржи самит за да ја одбележи својата 75-годишнина.

CCTV соопшти дека разговорите на Си и Орбан „се фокусирале на длабинска комуникација за украинската криза“.

-Си Џинпинг ги ценеше напорите на Орбан да промовира политичко решение за украинската криза, јави телевизијата.

Си Џинпинг истакна дека е во интерес на сите страни да го прекинат огнот и да бараат политичко решение што е можно поскоро…Сегашниот фокус е да се почитуваат трите принципи – да нема прелевање на бојното поле, без ескалација на војната и без подгревање на пламенот од сите страни – за да се залади ситуацијата што е можно поскоро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот