Кинескиот министер за надворешни работи во посета на Сеул за првпат по четири години

Шефот на кинеската дипломатија е во посета на Сеул за првпат по четири години бидејќи двете држави настојуваат да ги поправат односите нарушени по распоредувањето американски противракетни системи во Јужна Кореја.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе има средба со јужнокорејскиот колега Канг Кјунг-ваом и претседателот Мун Џае-ин за време на дводневната посета.

Ји последен пат го посети главниот град на Јужна Кореја во 2015 година, кога присуствуваше на трилатералниот состанок на кој присуствуваше и Јапонија.

Една година подоцна, односите се влошија поради планираното распоредување на американски ракетен одбранбен систем ТААД, во Јужна Кореја, дизајниран за пресретнување балистички ракети.

Пекинг соопшти дека со тоа се нарушува регионалната мрежа за безбедност, велејќи дека моќниот радар на системот може да достигне територија на Кина.

Јужна Кореја и САД продолжија со планот и го поставија ракетен одбранбен систем во 2017 година, изјавувајќи дека тоа е оправдано со провокациите на Северна Кореја.

Северна Кореја испука десетици проектили откако Мун Џае-ин стана претседател на Јужна Кореја во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот