Кинескиот град Шенжен забрани консумирање на кучиња и мачки!

Unsplash/Markus Winkler

Кинескиот град Шенжен забрани јадење на кучиња и мачки во склоп на пошироко сузбивање на пазарите со диви животни поради пандемијата од коронавирусот.

Научниците се сомневаат дека коронавирусот се пренел на луѓето од животни. Воочено е дека помеѓу првите заразени биле луѓето кои биле на пазарот со диви животни во средина на градот Вухан, каде се продавале лилјаци, змии, инсекти и други животни.

Забраната за јадење мачки и кучиња ќе започне на 1 мај.

Власта во јужното кинеско технолошко средиште забележала дека оваа забрана навистина ќе има позитивно влијание.

Unsplash/Zheng Xing

„Кучињата и мачките како домашни миленици воспоставија многу поблизок однос со луѓето отколку сите други животни, а забраната за да се јадат кучиња, мачки и други домашни миленици е вообичаена пракса во развиените земји и Хонг Конг и Тајван“, стои во соопштението објавено од градските власти.

„Таа забрана е во склад и со барањето и духот на човечката цивилизација“.

Највисокото законодавно тело во Кина кон крајот на февруари забрани трговија и консумирање на диви животни.

Покраинските и гратските власти ширум земјата настојуваат да ја спроведат наредбата, но Шенжен беше најконкретен во врска со проширувањето на забрата за кучиња и мачки.

Кучињата се јадат многу во некои делови од Азија.

Лиу Јианпинг, службено лице во центарот за превенција и контрола на болести во Шенжен, изјави дека живината, добитокот и морските плодови се достапни за потрошувачите.

„Нема докази кои би потврдиле дека дивите животни се похранливи од живината и добитокот“, цитираше Лиуа за државниот медиум Шенжен Дејли.

Unsplash/Markus Winkler

Според првобитниот предлог, Шенжен сакал да забрани и консумирање на желки и жаби – две вообичаени јадења на југот на Кина.

Но, гратската управа оваа недела признала дека оваа точка била „контроверзно жариште“ и објаснила дека и двете животни можат да се јадат.

Гратската кампања за спречување на јадење диви животни доби пофалба од здружението за заштита на животни.

„Шенжен е првиот град во светот кој сериозно ја научи лекцијата од оваа пандемија и направи промени кои се потребни за да се избегне нова пандемија“, рекла Тереса М. Телецки, потпретседателка во одделот за диви животни во „Humane Society International“.

„Храбрите чекори на Шенжен за запирање на овој пазар и трошење на дивите животни, претставува модел кој треба да се следи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот