Кинескиот амбасадор во Москва тврди: Кина има вакцина за новиот коронавирус

Фото: EPA-EFE/YONHAP

„Кина веќе разработи вакцина која води до имунитет. Но, тоа е првична информација, а неопходни се дополнителни проверки и одобренија“, изјави амбасадорот.

Кинеските експерти веќе ја разработиле вакцината која првично се смета за ефикасна против коронавирусот Ковид-19, соопшти кинескиот амбасадор во Русија Џан Ханхуеи, пишува рускиот весник „Известија“.

– Кина веќе разработи вакцина која води до имунитет. Но, тоа е првична информација, а неопходни се дополнителни проверки и одобренија – изјави амбасадорот.

Освен тоа, според информациите на лекарите, успешно, без странични ефекти, се користат и кинеските лекарства за борба со симптомите од вирусот, а, исто така, ефикасно се покажа и старото советско лекарство кое се користи во случаите против маларија.

Според дипломатот, во Кина секој ден со вирусот се заразуваат неколку стотици лица и околу 2.000 оздравуваат. Смртността на Ковид-19 е намалена и денеска таа во првата провинција каде се појави – Хубеи е помала од три отсто дневно, односно 0,55 отсто во другите провинции.

Претходно во текот на февруари во Кина беше одобрен лекот што властите официјално го признаа за потенцијално ефекасен во борбата со коронавирусот. Лекот е познат под името Favipiravir или Avigan.

Тогаш беше соопштено и за создавањето на брз тест, со кој дијагнозата за коронавирус се поставува за само 15 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот