Кинески полицајци се маскирале во демонстранти, па влетале на аеродромот во Хонг Конг

Фото: Принтскрин

Аеродромот во Хонг Конг, кој е еден од најфреквентните во Азија, цели два дена е блокиран поради масовните протести.

Кинески полицајци се маскирале во демонстранти, влегле на аеродромот и уапсила голем број на луѓе, јавуваат тамошните медиуми.

Полицајците користеле бибер спреј во обидот да ги растераат демонстрантите кои го блокирале влезот на терминалот за багаж. Полицијата неколку луѓе веднаш ги однела во полициско комбе кое се наоѓало на аеродромот.

Демонстрантите, од друга страна, фатиле две лица, под сомнение дека се тајни агенти.

Тие врзале еден маж и го тепале на аеродромот. На крај, биле повикани медицински работници на Итната помош, кои успеале да го однесат човекот, за кој на крај излегло дека всушност бил новинар.

Масовните демонстрации во Хонг Конг траат веќе два месеци, а се започна поради спорниот нацрт закон, со кој би се овозможило криминалците да бидат испорачани пред судовите во копнениот дел на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот