Кинески научници тврдат: Се соочуваме со феноменот „жедни дрвја“

unsplash
Планина. / Фото: Архива на Слободен печат

Благодарение на климатската криза, според светските лидери, брзо се приближуваме до „point of no return“. Светот достигна критично ниво: постојано зголемените барања за производство на храна, урбанизација и економски развој доведоа до тотален хаос. А овие проблеми се, се разбира, меѓусебно поврзани.

Целиот свет се соочува со суша и недостиг на вода, ерозија и контаминација на почвата, осиромаштување на почвата, органската материја и хранливите материи, нарушување на хидролошки и биолошки циклуси, како и истребување на видови.

Сите овие проблеми влијаат на копнените ресурси на планетата. Дури 33% од почвата во светот е умерено или силно деградирана и има потреба од итна обнова. А токму земјата може да биде еден однајголемите придонесувачи за глобалното затоплување.

Почвата е речиси уништена по масовното сечење на шумите, а јаглеродот претходно складиран во почвата последователно се ослободува во форма на CO2, што придонесува до движење на глобалното затоплување. Почвите се способни да задржат три пати повеќе јаглерод од атмосферата, тие се основни за „ублажување“ на климатските промени.

Со оглед на високиот потенцијал и важноста на почвата и дрвената биомаса за складирање на јаглерод и нудење на бројни екосистемски услуги, садењето дрјва често се смета за најефикасен начин за одржување на глобалното затоплување.

ЖЕДНИ ДРВЈА

Во Кина, уште од доцните 1970-ти централните и локалните власти почнале масовно да инвестираат во засадување дрвја. Денес, Кина планира да ја зголеми стапката на пошумување на 23%, на 26% до 2035 година и на 42% до 2050 година.

Ова не е само државен напор, и многу приватни компании као „Alibaba“ и „Alipay“ – гигантот за е-трговија и глобален лидер имале за цел да инвестираат 28 милиони американски долари во проекти за садење дрвја.

Како резултат, вкупната шумска повржина во азиско-пацифичкиот регион, во последните 25 години е зголемена за повеќе од 17 милиони хектари. Овие нови шуми се претежно во Кина, затоа што оваа држава направила фасцинантна стратегија со инвестирање во пошумување на сопствената земја.

Но, додека Кина станува „позелена“, здравјето на слатководните системи се влошува. Една неодамнена студија, која била спроведена за пошумувањето на Кина, докажала дека почвата е многу „пожедна“ од природните израснатите дрвја. Тие користеле 92% од годишните врнежи, за растот на биомасата, оставајќи само 8% од годишните врнежи за човечка употреба.

Како резултат, не останувало доволно вода да се наполнат подземните води или да се влеат во реки и езера. Длабокото пробивање (водата се движи од зоната на корените во подземните води) во години со просечни или пониски врнежи од просекот може да се очекува застрашувачки намалена.
Постојат постојани заблуди за улогата на засадувањето дрвја во регулирањето и обезбедувањето

вода. Напорите за пошумување на Кина треба да бидат предупредување за другите нации кои размислуваат како да „создадат“ нови шуми, бидејќи глобалните и националните долгорочни напори за зазеленување во области со деградација на земјиштето, недостигот на вода и проблемите со сушата не смеат да ја загрозат безбедноста на водоснабдувањето на локално и регионално ниво.

Пошумувањето е добра намера да се запре ерозијата на почвата, да се збогати органската материја и ханливите материи во почвата, да се зачува биодиверзитетот и да се зголемат залихите на јаглерод.

Но, потребен е извор на „помалку жедни дрвја“ и подобро управување со шумите додека ги имаме „дадени“ од природата. Ова истражување не се однесува на посадување едно или две дрвја во парк или шума, се однесува на масовни проекти за пошумување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот