Кинески и руски бродови запловеле во јапонски води, без прекршување на правилата

Руска морнарица/ Фото: Профимедиа

Десет бродови на кинеската и руската морнарица вчера пловеле по теснецот што ги одделува главниот јапонски остров Хокаидо, соопшти јапонската влада, додавајќи дека внимателно ги следи таквите активности.

Ова е првпат Јапонија да ги потврди информациите за пловидба на бродови на кинеската и руската воена морнарица низ теснецот Цугару, кој го дели Јапонското Море од Пацификот, пренесува Ројтерс.

Иако теснецот припаѓа на меѓународните води, односите меѓу Јапонија и Кина веќе долго време се еродирани од спорот фокусиран на група островчиња во Источно Кинеско Море. Исто така, постои територијален спор помеѓу Токио и Москва.

„Владата внимателно ги следи активностите на бродовите на кинеската и руската морнарица во ваква област во близина на Јапонија“, рече заменик генералниот секретар на кабинетот Јошихико Исозаки на редовната прес-конференција во вторникот.

Меѓународните правила не се прекршени

„Ќе продолжиме да бидеме максимално ангажирани кога станува збор за активностите за надзор во водите и воздушниот простор околу Јапонија“, рече тој.

Портпаролот на јапонското министерство за одбрана рече дека бродовите не влегуваат во јапонските територијални води и дека не ги прекршиле меѓународните правила со минување низ теснецот на бродот.

Русија и Кина одржаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море од 14 до 17 октомври како дел од поморската соработка на двете земји. Во вежбите беа вклучени воени бродови и бродови за поддршка од руската Пацифичка флота.

Москва и Пекинг негуваат поблиски воени и дипломатски врски во последните години, со оглед на периодот во кој се влошија односите на двете земји со Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот