Кинески епидемиолог во Србија: Ова е најлукавиот вирус во светот, можеби и не потекнува од Вухан

Лекари/ Фото EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Епидемијата се уште не го достигнала својот врв. Наредните недели ќе бидат пресудни во борбата против пандемијата, а Гуо Јубиао од Одделението за пулмологија и интензивна нега од болницата Сан на универзитетот Јат – Сен, кој во моментов престојува во Србија, говори за ситуацијата со корона вирусот во светот.

„Откако дојдов во Србија постојано ја следиме епидемиолошката ситуација и судејќи по бројот на тестирани лица, бројот на позитивни, хоспитализирани и болни со тешка клиничка слика, лицата кои се на респиратори но и оние кои починаа, може да заклучиме дека епидемиолошката ситуација во Србија, на 21 март кога беа потврдени 50 нови случаи, а сега има повеќе од 2.600 потврдени случаи, зборува за понатамошно ширење на епидемијата. Веројатно многумина во Србија ќе се запрашаат дали оваа епидемија веќе е ставена под контрола и дали е постигнат врвот. Би рекол дека се уште е рано да се зборува за тоа, има уште време до постигнување на пикот“, вели Јубиао во интервју за „Ало“.

Како што вели епидемиологот, во средата е потпишан договор за донација од Кина на две лаборатории, па денеска би требало да пристигнат техничари од компанијата кои ќе работат на тестирање.

Медицински лица во лабораторијата на болницата во Ниш, Србија со брисеви од лица тестирирани за коронавирус / 07 април 2020 / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

– Штом се зголеми бројот на тестирани лица, се зголемува и бројот на потврдени случаи, но најважно е да се напомене дека потребна е рана дијагностика, со цел да се намали бројот на тешко заболени лица. Со тоа ќе се зголеми и бројот на тестирани лица. Навистина бројот на позитивни лица расте, но треба да се напомене и дека бројот на лица кои завршуваат на интензивна нега со зголеменото тестирање се сведува на 10 проценти. Знам дека сето ова што го зборувам звучи како лоша вест, но таков е процесот, додава докторот.

– Имавме можност во Кина и Италија да видиме дека кога овој вирус ќе се појави забрзано расте бројот на заболени, се зголемува и бројот на лица кои ја губат битката, но потоа се постигнува врвот и се одржува некое време. Дури во оваа фаза, со ефикасна примена на мерките за превенција и контрола, почнува да паѓа бројот на новозаболени. Тоа е процес кој мора да помине, а добрата вест е дека Владата во Србија даде инструкции на сите нивоа на власт и на сите институции, со цел сеопфатно да се спроведуваат превентивните мерки, како и мерки за контрола на епидемијата, воспоставен е систем кој постојано се подобрува.

– Во другите европски земји воведоа слични мерки, затворање градови, па и целосно затворање на државата, но суштината не е во воведување на мерки, туку во нивното спроведување.

Жена со маска на лицето поминува покрај банер во центарот на Белград преку кој се апелира да се одржува физичка дистанца од 2 метри / 30 март 2020, Белград, Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кога станува збор за неносењето маски, тука докторот забележува културолошки проблем.

– Тоа веројатно има врска со традиционалниот начин на размислување на луѓето во Европа и САД, бидејќи мислат дека маска треба да носи само оној кој е болен. Вистината е дека со носењето маски се штитиме себе си но и другите.

На прашањето каде настана вирусот и како гледа на теориите на заговор докторот вели:

– Ние сме лекари, се занимаваме со лечење пациенти, не сме политичари, јас не би сакал многу да зборувам на таа тема. Некои ја напаѓаат Кина, но иако на самиот почеток вирусот се појави во Вухан сепак Вухан можеби не е изворот на заразата. Суштината на сите тие заговори е дали овој вирус е подготвен како биолошко оружје. Според досегашните сознанија, генотипот на вирусот во САД, Италија и Јапонија е различен. Со оглед дека во овие земји генотипот е различен, постои можност дека станува збор за различни извори на зараза, вели епидемиологот и додава дека предвид треба да се земе фактот дека вирусот не познава граници.

На прашањето дали би требало да се очекува втор бран, докторот истакнува дека ова е потполно нов вирус, кој малку го познаваме и дека е ова наjпаметниот вирус во светот. Навистина е чуден, бидејќи човек кој нема никакви симптоми би можел да биде носител и да ги заразува другите, исткана Јубиао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот