Кинески експерт изјави дека епидемијата на коронавирусот може да го достигне врвот за 10 дена

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Од вчера до денеска бројот на потврдени случаи на зараза со вирусот се зголеми за 60 проценти.

Епидемијата на новиот коронавирус, кој се појави во централната кинеска провинција Хубеи кон крајот на 2019 година, може да го достигне својот врв „за околу 10 дена”, изјави кинескиот експерт за респираторни болести Жонг Наншан.

Во интервју за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, Жонг, кој го откри коронавирусот САРС во 2003 година, изрази уверување дека оти новиот вирус „ќе достигне кулминација и потоа нема да има зголемување на заболени од големи размери”.

Бројот на починати од појавата на коронавирус во Кина денеска достигна најмалку 131 лице, соопшти кинеската Национална комисија за здравство. Речиси 6.000 луѓе се заразени низ целата земја.

Од вчера до денеска бројот на потврдени случаи на зараза со вирусот се зголеми за 60 проценти.

– Епидемијата на САРС траеше околу шест месеци. Но не верувам дека епидемијата на новиот коронавирус ќе трае толку долго, рече Жонг.

Бројот на нови случаи на коронавирус денеска го надмина оној на епидемијата на САРС во 2003 година, во која починаа околу 800 луѓе низ целиот свет, но стапката на смртност од новиот вирус е значително пониска.

Предвидувањата на Жонг се во спротивност со други експерти. Математички модел на Габриел Леунг, декан на медицинскиот факултет на престижниот Универзитет на Хонг Конг, предвиде дека епидемијата ќе го достигне врвот во април или мај годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот