Кинески експерт ги предупреди Италијанците: Не знам што размислувате, како така се однесувате? (ВИДЕО)

„Видов многу луѓе без маски. Не знам што размислувате. Потребно е да го запреме времето.“

Вториот човек на кинескиот Црвен крст пристигна во Ломбардија за да им помогне на тамошните власти и доктори во борбата против коронавирусот.

Сун Шуопенг на прес конференцијата го критикуваше однесувањето на власта и на граѓаните.

„Сега откриваме нови проблеми. Само што се вративме од Кордоба (Шпанија). Но, тука во Милано, регион што е најпогоден од Ковид-19, имате многу лежерни рестрикции, бидејќи јавниот превоз се’ уште функционира, луѓето се‘ уште се движат наоколу, се собираат во хотели. Видов многу луѓе без маски. Не знам што размислувате. Потребно е да го запреме времето. Потребно е да ги запреме сите економски активности. Потребно е да ги прекинеме сите социјални интеракции кои ни се допаѓаат. Сите луѓе би требало да останат дома во карантин. И ни требаат сите луѓе да бидат подготвени за да спасат животи. Животите на нашите луѓе, тоа е најбитно сега. Дури по еден месец откако Вухан беше под карантин можевме да го разбереме хоспитализирањето и третманот на сите пациенти заразени со Ковид-19“, изјави тој.

Во Италија во изминатите 24 часа починаа најмногу луѓе досега во еден ден, вкупно 627 пациенти. По бројот на смртни случаи, Италија го надмина првото жариште на Ковид-19, Кина. Италија нема план Б доколку карантинот не функционира, додека болниците се соочуваат со големи потешкотии поради големиот број на пациенти, од кои многумина умираат сами и се погребуваат без обреди.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот