Кинеската вакцина покажа добри резултати во втората фаза од тестирањата: Имаше само вообичаени благи реакции

Фото: Профимедиа

Вакцината за коронавирус, што се тестира на Институтот за биолошки производи во Пекинг, почнаа да ја тестираат на луѓе и покажала добри резултати и дава имунолошки одговор, соопштија денес од Кина.

Вакцината развила одговор на антитела кај сите учесници на ден 42. Во тестирањето учествувале повеќе од 600 здрави учесници волонтери на возраст од 18 до 80 години.

 

Profimedia

 

Како што се наведува, дали успешно ги штити луѓето од инфекција, ќе покаже дури по третата фаза на тестирање, која во моментов е во тек.

Тековната пандемија ги забрзува напорите за тестирање на кандидатите за вакцини. Нашата цел беше да ја процениме безбедноста и имуногеноста на инактивираниот тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2 (SARS-CoV-2) кандидат за вакцини, „BBIBP-CorV“ кај луѓето“, велат од институтот.

 

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

 

Оваа вакцина е една од најмалку 10-те во светот кои влегоа во третата фаза на тестирање, а четири беа развиени од кинески научници.

Во првата фаза, здрави луѓе на возраст од 18 до 80 години, кои биле негативни за специфични серумски антитела против коронавирусот за време на скринингот, биле одделени во две групи и случајно им било дадено да ја примаат вакцината или плацебо во две дози.

 

Profimedia

Во втората фаза, здрави луѓе на возраст од 18 до 59 години, исто така примале вакцина или плацебо. Но ниту тие, ниту истражувачите и проценувачите не знаеле за групната распределба.

Примарните резултати биле безбедни и толерантни. Секундарниот изход бил имуноген, оценет како неутрализирачки одговори на антитела против инфективниот „SARS-CoV-2“.

Како што е наведено, вакцината „BBIBP-CorV“ не предизвикала несакани ефекти кај сите тестирани, туку само вообичаени благи реакции и треска, како и болка на местото каде што е примена вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот