Кинеската полицијата на маки, се обидува да спречи протести во Пекинг и во Шангај

Фото: EPA/EFE / MARK R. CRISTINO

Во Пекинг и во Шангај е забележано засилено присуство на полицијата со цел да спречат нови протести против ковид ограничувањата.

Најголемите протести во Кина, откако Си Џинпинг ја презеде власта пред една деценија, со барање за негова оставка, почнаа поради политиката на „нулта толеранција на ковид” и воведувањето на нови строги мерки со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

Протестите во Кина почнаа откако во пожар, што изби во зграда во Урумчи на 24 ноември, загинаа десет луѓе. Демонстрантите тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале.

Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавируст ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи.

Кинеската политика на „нулта толеранција на ковид” го наруши животот на милиони луѓе, а има и смртни случаи поради овие мерки. Исто така, таквата политика има негативен ефект врз кинеската економија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан вчера изјави дека „постојат сили со задни намери на социјалните мрежи, кои го поврзуваат пожарот со локалниот одговор на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот