Кинеската компанија „BYD“ претстави автобус долг 27 метри – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Кинеската компанија „BYD“ претстави автобус долг 27 метри

Кинеската автомобилска компанија „BYD“ (Build Your Dream) го претстави најдолгиот електричен автобус во светот K12A. Автобусот е долг 27 метри со два зглоба, и изгледа како гигантска гасеница.

Компанијата со новиот автобус се пофали на Твитер и напиша дека автобусот може да прими до 250 луѓе. Автобусот може да развие брзина до 70 километри на час и може да помине до 300 километри со едно полнење.

„BYD“ веста ја објави на први април, но во твитот потенцираше дека не станува збор за првоаприлска шега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close