Урнатата настрешница во Нови Сад / EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Кинеската фирма вмешана во изградбата на железничката во Нови Сад ќе проектира дел од белградското метро

Кинеската компанија „ЦРДЦ“, главниот дизајнер за реконструкцијата на железничката пруга до Унгарија – вклучувајќи го и делот поврзан со реновирањето на железничката станица во Нови Сад, чија настрешница се сруши на 1 ноември минатата година, при што загинале 15 луѓе – беше избрана за подготовка на проектната и техничката документација за линијата 3 на белградското метро, беше објавено на официјалната страница на градот Белград, објавија српските медиуми.
Како што е наведено, во постапката за јавна набавка за подготовка на проектна и техничка документација за линијата 3 на Белградското метро, бил избран конзорциум предводен од компанијата “ЦРДЦ – Кинеска корпорација за дизајн на железници Србија”.

“Во избраната група на понудувачи, покрај ЦРДЦкако носител на листата, исто така постои и реномираната компанија „Луј Берже“ со “Ко дизајн” од Белград, со поддршка на локалните подизведувачи. Договорот “Подготовка на проектно-техничка документација: Студија за изводливост со идејниот проект и студијата за проценка на влијанието врз животната средина за линијата 3 на Белградското метро” беше потпишан вчера од страна на директорот на јавното комунално претпријатие “Белградско метро и воз” Андреја Младеновиќ и секретарот за јавен превоз на градот Белград Радован Кремиќ со Јан Јонгџин, во име на филијалата на ЦРДЦ во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот