Кинеската амбасадорка во Белград Чен Бо: „Не ја прикриваме епидемиолошката состојба“

Кинеската амбасадорка во Белград Чен Бо ги отфрли обвинувањата дека Кина ја прикрива епидемиолошката состојба и истакна дека тие се лага што се користи со цел да се прикријат податоците за неуспехот на некои земји во борбата против вирусот корона.

„Епидемијата не влијаеше на нашите големи проекти да одат според планот. Кинеската економија повторно бележи позитивен раст, а нашите компании ги надминуваат сите препреки и покрај насилното однесување на Соединетите држави“, изјави амбасадорката, пренесуваат српските медиуми.

Според Чен Бо, соработката помеѓу Кина и Србија активно се одвива во областа на економијата, образованието, културата, туризмот, земјоделството, а соработката во науката и технологијата, особено во областа на новите технологии и иновации, станува отскочна штица за билатерална соработка.

На прашањето како напредува развојот на кинеската вакцина против вирусот корона, кинеската амбасадорка одговори дека четири вакцини влегле во третата фаза.

„Претседателот Си Џинпинг објави дека кинеската вакцина ќе стане глобално јавно добро по конечното одобрување. Ние сме посветени на зајакнување на меѓународната соработка во истражувањето и развојот на вакцините, нивно производство и дистрибуција,“ рече кинеската амбасадорка во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот