Кинеска литература: „Македоника литера“ учествуваше на виртуелен саем на книгата

Првиот меѓународен виртуелен саем на книгата, на кој учествуваше и „Македоника литера“, се одржа од 24 до 31 јули во Кина. Во услови на актуелната пандемија на ковид-19, ова е прв ваков меѓународен настан во светот, а го организираше глобалната медиумска корпорација Кинеска интернационална издавачка група (ЦИПГ).

„Македоника литера“ учествуваше со свои видео и визуелни материјали што се однесуваат на кинеските книги за деца објавени на македонски јазик во рамките на едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“, како и на севкупната дејност на „Македоника литера“.

Инаку, редовниот 27. Меѓународен саем на книгата во Пекинг ќе се одржи од 26 до 30 август, на кој, исто така, на штандовите на партнерите издавачи ќе бидат изложени и изданијата на „Македоника литера“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 42, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот