Кинеска компанија ги дезинфицира вработените пред да почнат со работа

Фото: Профимедиа

Акцијата се одржува во рамки на борбата против епидемијата на коронавирусот, известуваат локалните медиуми.

Компанија во југозападниот кинески град Чонгчинг изгради тунел во кој ги дезинфицира вработените пред тие да започнат со работа.

Акцијата се одржува во рамки на борбата против епидемијата на коронавирусот, известуваат локалните медиуми.

Тунелот е опремен со инфрацрвени детектори кои го активираат спреј кога таму ќе влезе некое лице, извести „Кина њуз сервис“, а пренесе „Ројтерс“.

Луѓето во Кина полека се враќаат на работа оваа недела, откако поради избивањето на коронавирусот беше продолжен одморот по повод лунарната Нова година, ограничен јавниот превоз и преземени други мерки со цел ограничување на ширењето на вирусот.

Од коронавирусот во Кина починаа повеќе од 1.100 чуѓе, додека заразени се речиси 45.000 лица.

Фото: Илустрација/Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот