Кина затвори ученици цела ноќ во училиште поради еден ковид позитивен вработен

Училиште во Кина/ Пекинг/ Фото: ЕПА

Училиште кое се наоѓа во Пекинг затворило десетици ученици откако било откриено дека едно лице вработено во тоа училиште е позитивно на Ковид 19. Голем број родители набрзо се собрале пред училиштето, кои со нетрпение очекувале каква било информација речиси до полноќ, јавува Би-би-си.

Децата на возраст од седум до 12 години биле тестирани и наводно им било кажано дека ќе ја поминат ноќта на училиште додека ги чекаат резултатите од тестот.

Според локалниот информативен портал Jim News, директорот на училиштето конечно се појавил околу 23:30 часот по локално време, а потоа им се обратил на родителите и најавил дека некои деца ќе мора да одат во карантин.

Тој ги замолил родителите да ја спакуваат облеката за децата кои остануваат на училиште преку ноќ и додал дека учениците ќе бидат ослободени следниот ден кога ќе бидат објавени резултатите, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот