Кина забележа најголем пад на индустриското призводство во последните 30 години

Фото: Профимедиа

Како резултат на пандемијата на коронавирус, забележан е пад на индустриското производство во Кина, првпат за речиси 30 години, а пад е регистриран и во малопродажбата.

Индустриското производство падна за 13,5 проценти на годишно ниво, во однос на порастот од 6,9 проценти во декември.

Малопродажбата, што ја одразува потрошувачката, регистрираше загуба од 20,5 проценти во однос на првите два месеци од 2019 година, објави Националното биро за статистика.

– Епидемијата на новиот коронавирус ја наруши економската активност во првите два месеци од оваа година – велат од Националното биро за статистика, додавајќи дека генерално, краткорочните последици се совладливи.

Сепак резултатите се полоши од што аналитичарите очекуваа, кои прогнозираа пад на индустриското производство од само три отсто, а малопродажбата четири проценти.

За поддршка на економијата, Централната банка на Кина денеска објави намалување на задолжителниот процент што банките мора да го задржат како резерва. Ова би можело да ослободи 550 милијарди јуани (70,6 милијарди евра). На тој начин, кинеската Централна банка сака да ги охрабри комерцијалните банки да позајмуваат повеќе на фирми со цел да ја поддржат реалната економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот