Кина воведе санкции кон Пелоси по нејзината посета на Тајван

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство”, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг, јави ДПА.

Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се сфати како провокација, бидејќи официјален Пекинг островот го смета за составен дел на својата територија, а официјален Вашингтон официјално ја поддржува политиката на „една Кина”.

Пелоси, претходно денеска изјави дека Кина нема да ја прави агендата за патувања за функционерите на САД, алудирајќи на нејзината неодамнешна посета на Тајван во рамките на нејзината азиска турнеја.

Пелоси: Кина не е таа која ќе кажува каде ќе патуваат нашите функционери

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот