Кина во истражувачка офанзива во јужното кинеско море

Кинеско знаме / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Малезија го повика кинескиот амбасадор во Куала Лумпур ѕа да му врачи официјаен протест од страна на Малеѕија поради „навлегувањето“ на кинеските бродови во нивните води, соопшти Министерството за надворешни работи.

Протестот следеше по „присуството и активноста“ на кинески бродови, вклучително и истражувачки брод, во ексклузивната малезиска економска зона кај бреговите на источните држави Сабах и Саравак, соопшти малеѕиската влаада , пренесе Ројтерс.

„Конзистентниот став и протестото на Малезија се заснова на меѓународното право, во одбрана на суверенитет и суверените права во суверените малезијски води“, велат владини официјални преставници

Кинеската амбасада во Куала Лумпур не одговори веднаш на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Минатата недела медиумите објавија дека кинески истражувачки брод се наоѓал во малезиските води кај брегот Сабах, во близина на брод нарачан од малезиската државна енергетска компанија „Петронас“.

Спротивно на интересите на Малезија, Брунеи, Филипините, Тајван и Виетнам, Кина тврди дека го зазема речиси целото Јужно Кинеско Море, богато со енергија, преку кое годишно минува трговија со бродови во вредност од околу 3 трилиони долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот