Кина: Уште четири лица инфицирани од корона-вирусот

Фото: Профимедиа

До сега од корона-вирусот заразени се 50 лица и тоа оние кои патувале или живеат во Вухан.

Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека се регистрирани уште четири лица се инфицирани со новиот корона-вирус во градот Вухан.

До сега од корона-вирусот заразени се 50 лица и тоа оние кои патувале или живеат во Вухан.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Тајланд претходни соопшти дека кај двајца кинески патници од Вухан е откриен корона-вирусот, додека во Јапонија е потврден еден случај. Заразен е јапонски државјанин кој претстојувал во Вухан.

Поради новиот вирус американскиот Центар за контрола и превенција на болести синоќа соопшти дека ќе ги прегледува патниците кои со авион пристигнуваат од Централна Кина. На патниците ќе им се мери температура и ќе бидат прашувани дали имаат симптоми на болеста предизвикана од новиот коронавирус, од кој во Кина починаа две лица, а десетици се инфицирани.

Лекарска контрола ќе се спроведува на аеродромите во Њујорк, во Сан Франциско и во Лос Анџелес, на кои слетуваат најмногу авиони од Вухан, Централна Кина каде се појави болеста слична на воспаление на белите дробови.

Коронавирусот припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром).

Во епидемијата на САРС во 2003 година во Кина и во другите азиски земји починаа неколку стотици луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот