Кина упатила 51 авион и шест брода кон Тајван

Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Тајванските оружени сили денеска забележале како кон островот се приближуваат 51 авион и шест воени бродови на армијата на Народна Република Кина, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

„Од 17 часот по локално време тајванските оружени сили забележале активност на 51 авион и шест брода во морето и во воздушниот простор во близина на Тајван”, се наведува во соопштението што го пренесуваат агенциите.

Притоа се појаснува дека 25 авиони ја преминале „средишната линија“ на Тајванскиот теснец, меѓу кои 12 авиони ловци „Су-30“, шест „Ј-16“, четири „Ј-10“, еден авион за електронско војување „И-8“ и два бомбардери од типот „Х-6“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот