Кина тестираше својот најнапредниот носач на авиони

Pu Haiyang/Xinhua via AP

Третиот и најнапреден носач на авиони на кинеската морнарица, „CNS Fujian“, по четврт пат беше пуштен да исплови на отворено море за да спроведе нова рунда морски испитувања откако беше лансиран пред две години.

Именуван по провинцијата Фуџијан во југоисточна Кина, носачот отплови од шангајското бродоградилиште Џиангнан, каде што беше изграден. Најмалку два авиони и повеќе контејнери беа поставени на палубата за полетување со рамна писта.

Фуџиан, целосно дизајниран и изграден од Кина, беше лансиран на 17 јуни 2022 година во бродоградилиштето Џиангнан.

Тоа е првиот кинески носач на авиони кој користи катапулти за полетување на авиони.

Воениот брод што допрва треба да биде пуштен во употреба е најголемиот меѓу трите, со поместување од повеќе од 80.000 тони во полн товар, додека првите два „Лиаонинг“ и „Шандонг“ се од 60.000 до 70.000 тони.

За споредба, носачите на авиони на американската морнарица – 11 во служба – се 100.000 тони.

Фуџиан има електромагнетен систем за катапулт сличен на носачите на авиони од класата Џералд Р. Форд на американската морнарица.

Тој е втор во светот, кој поседува ваква технологија.

Но, кинескиот брод има три патеки за лансирање додека Џералд.Р.Форд има четири.

Кина ја има втората по големина флота на носачи на авиони во светот и таа е распоредена надвор од таканаречениот прв островски синџир, кој се протега на југ од Јапонија до Тајван и Филипините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот