Кина станува најголема поморска сила: Изгради огромна флота, а веќе има и прва цел

epa09011657 The Chinese People's Liberation Army, (PLA), Navy guided-missile corvette Huizhou is berthed at the Central Military Dock on the Central waterfront in Hong Kong, China, 14 February 2021. It is the first time since the dock was handed over to the People?s Liberation Army (PLA) on 29 September 2020 that a PLA Navy ship has berthed there. EPA-EFE/JEROME FAVRE

Многумина беа фрапирани кога во 2018 година кинескиот претседател Си Џинпин облече воена униформа и влезе во разорувачот на Народноослободителната војска во Јужното кинеско море и ја набљудуваше најголемата флота која Кина некогаш истовремено ја пуштила на море – 48 бродови, десетина борбени ловци и над 10.000 воен персонал – а тогаш Кина беше среде проектот за бродоградителство каков што светот дотогаш не видел.

Си во 2015 година покреана проект за претворање на кинеската војска во борбена сила од светски размери, која би и парирала целосно на американската и успеа во тоа.

Во некој момент, од 2015 до денес, Кина стана најголема светска поморска сила, а сега веќе работи на тоа да биде моќна и подалеку од својот брег.

Кинеската морнарица во 2015 година имала 255 воени бродови во својата флота, а кон крајот на 2020 таа бројка порасна на 360, односно дури 60 повеќе од американската воена морнарица. За 4 години Кина ќе има дури 400 воени бродови, велат проценките на американските разузнавачи.

Рамнотежа на силите

Некои од тие кинески бродови ќе бидат еднакви или подобри од сè што Соединетите држави или другите поморски сили можат да испратат на дело, пренесува Си-Ен-Ен. Додека Кина се очекува да има околу 400 воени бродови до 2025 година, американската морнарица планира, иако без рок, да состави флота од 355 бродови.

Ова не значи дека американската морнарица веќе не е најголемата поморска сила во светот. Според бројот на војници, се уште доминираат бидејќи САД има  330 000 активни членови во споредба со кинеските 250.000.

Фото: EPA-EFE/XINHUA / LI GANG — MANDATORY CREDIT — EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Аналитичарите исто така истакнуваат дека американската морнарица има поголема тонажа, поголеми и потешко вооружени воени бродови, како што се разорувачи и крстосувачи со навесувани ракеди, што и дава предност во лансирањето крстосувачки ракети.

Кинеската морнарица има и два активни носачи на авиони, но се планираат и градат повеќе. Двете постојни имаат конвенционален погон, се базираат на стариот советски дизајн и не пловеа подалеку од западниот Пацифик. На кратко, не можаат да се справат со 11 американски носачи на авиони.

Американската подморничка флота има и 50 пловни објекти на нуклеарен погон, што им дава значителна предност во однос на кинеската флота, која има само седум од 62 подморници. Кога станува збор за крајбрежните пловни објекти, Кина сè уште има предност.

„Кинеската морнарица има голема предност во патролните и крајбрежните бродови како што се корвети и помали бродови“, објаснува Ник Чајлдс, аналитичар на Меѓународниот институт за стратешки студии.

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Тука се и кинеската крајбрежна стража и поморската милиција, кои имаат доволно пловни објекти речиси да ја удвојат вкупната моќ на кинеската морнарица. Овие се загрижувачки знаци за Соединетите држави, кои се борат со буџетот и пандемијата повеќе од Кина. Аналитичарите се загрижени затоа што Кина во петокот објави дека ќе го зголеми својот годишен воен буџет за 6,8 проценти.

Најголем комерцијален бродоградител

Кина стана најголемиот комерцијален бродоградител во светот – уште во 2018 година, таа држеше 40% од светската бродоградба во бруто тонажа, а следна на таа листа е Јужна Кореја со 25%. Од историска гледна точка, Кина изгради повеќе бродови во 2019 година отколку САД во 1941-1954 година.

Кинеските државни компании кои работат на комерцијални бродови можат брзо да преминат на воени бродови, според Индекс.хр. Шугарт за Си-Ен-Ен изјави дека Кина од 2014-2018 година. произвела повеќе подморници, воени бродови, амфибиски пловни објекти и помошни бродови отколку што моментално располагаат морнариците на Германија, Шпанија, Индија и Велика Британија.

-Според стапката со која Кина гради воени бродови и можностите што ги имаат овие бродови, би рекол дека напредувала од крајбрежна и одбранбена морнарица во веројатно најмоќната морнарица во регионот, со одреден глобален дострел и е на пат да создаде морнарица од светска класа ако расте со исто темпо, додаде тој.

Повеќе од бродови

Американските воени водачи се исто така свесни дека во 2021 година кинеската морнарица значи многу повеќе од самите бродови.

– Погледнете во што навистина инвестира Кина. Факт е дека тие градат повеќе бродови, но инвестираат и големи суми во противбродски ракети, како и сателитски системи што можат да бидат насочени кон бродови – изјави неодамна американскиот адмирал Мајк Гилдеј.

Азискиот гигант сепак тврди дека неговата војска е исклучиво одбранбена. Тогаш, зошто кинеската воена морнарица гради носачи на авиони, амфибиски нападни бродови,  разурнувачи и крстосувачи, соодветни за операции далеку од Кина?

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Кинеското масовно градење бродови се совпаѓа со тврдењата за 3,3 милиони квадратни километри територија во Јужното кинеско море. Кина гради мали гребени и песочни шипки околу вештачки острови, утврдени со ракети, аеродромски писти и борбени системи.

„До 2049 година, Кина има намера да има глобална армија која е способна да војува и да победува во војни и е глобална сила“, рече Маја Нувенс, аналитичар на Меѓународниот институт за стратешки студии.

Тајван во фокусот

Додека Кина кова долгорочни планови, во фокусот на краткорочното внимание е островот за кој тврди дека е дел од нејзината територија – Тајван. Во јануари, портпарол на кинеското Министерство за одбрана јасно стави до знаење дека Тајван е неотуѓив дел од Кина.

Многу од плановите на кинеската морнарица се однесуваат на Тајван. Концентрацијата на помали бродови како што се корветите и крајбрежните патролни бродови е погодна за борба во близина на крајбрежјето, а помеѓу Тајван и континентална Кина има само 130 километри релативно плитки води, идеални за такви пловни објекти.

Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Изградбата на кинески бродови исто така треба да се гледа од перспектива на Тајван. Кон крајот на 2020 година, носачот на хеликоптерот 075, во кој можат да се сместат 900 војници, започна пробно патување. Доколку Кина има намера да го нападне Тајван, ќе и треба повеќе од тоа.

„Би било паметно да се претпостави дека Кина ќе ги искористи сите свои поморски електрични алатки за да обезбеди успех во инвазијата на Тајван“, рече Шугарт, посочувајќи на бегството на британските сили од Франција на почетокот на Втората светска војна.

– Во некоја обратна форма на битката кај Данкирк, треба да очекуваме стотици мали рибарски чамци, трговски бродови и бродови на крајбрежната стража наместо десетина амфибиски бродови во сива боја на кинеската морнарица во Тајванското море – заклучи Шугарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот