Кина со порака до Бајден и Харис: Ви честитаме, го почитуваме изборот на американсккот народ

Пекинг/Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека испратило честитки до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката, Камала Харис, кои победија на претседателските избори во САД на 3 ноември.

Според портпаролот на Министерството, Ванг Вебин, Кина го почитува изборот на американскиот народ, пренесуваат британските медиуми.

– Разбираме дека резултатите од изборите во САД ќе бидат утврдени во согласност со американските закони и процедури, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот