Кина со нов потполно неочекуван развоен план

Си Џинпинг сака Кина да стане самоодржлива, особено кон развојот на дигиталната економија, паметното производство, здравството и новите облици на индустрискиот развој како главни фактори за раст.

Најголемиот кинески политички собир покажа дека Кина ги гледа домашните пазари, а не извозот, како клучни за раст на својата економија, особено во случај на најцрни сценарија, како долгогодишна глобална економска криза.

Изминатиот викенд Си Џинпинг, за време на Две седници кои го собраа кинеското политичко водство од сите делови на земјата, дури две илјади делегати, објави дека Кина вложува во спроведување на нов развоен план во кој „домашната циркулација ќе има доминантна улога“.

– Во иднина, ние мора да ја третираме домашната побарувачка како почетна точка во изградбата на комплетен систем за домашната потрошувачка, и во тоа да промовираме иновации во науката, технологијата и во другите сектори“, се вели во изјавата на кинескиот претседател.

Според мислењето на кинеските експерти, тоа е спротивно на досегашната „голема меѓународна циркулација“ на средства и производи која започна во деведесетите години и на Кина и донесе статус на втора светска економија. Додаваат дека ова всушност е подготовка за најцрни сценарија кои предвидуваат долгорочни глобални економски кризи и можно кинеско пазарно одвојување од САД, па дури и од голем дел од западниот свет.

Кинескиот економист Ху Сингтоу вели дека целта на ваквите мерки не е затворање на кинеската економија, туку своевидна заштита на кинеската економија која и понатаму ќе настојува да бара меѓународна соработка и отворен глобален пазар. Но Кина е свесна за последиците од трговската војна со САД, како и протекционизмот кој произлезе како последица на пандемијата.

Потврда за тоа се и зборовите на кинескиот претседател: – Кина се соочува со неповолни ветрови во меѓународната заедница, вклучувајќи и длабока рецесија на глобалната економија, прекинати патишта на меѓународната трговија и инвестиции, растечки протекционизам и геополитички разлики. Ние мора да бараме развој во се понестабилниот свет.

Си Џинпинг сака Кина да стане самоодржлива, особено кон развојот на дигиталната економија, паметното производство, здравството и новите облици на индустрискиот развој како главни фактори за раст. Тој повтори дека Кина ќе застане на вистинската страна во историјата кога ќе се инсистира на мултилатерализам и глобализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот