Кина со анимиран филм му возврати на Трамп (ВИДЕО)

Пред некој ден, американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија, но одби да обезбеди докази за неговото тврдење.

Кина објави анимиран филм насловен „Еднаш после еден вирус“, во кое се потсмева со реакцијата на американската администрација за епидемијата на коронавирусот, со што е упатен нов предизвик „војна на зборови“ на релација Вашингтон и Пекинг.

Пред некој ден, американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија, но одби да обезбеди докази за неговото тврдење.

Главните ликови во анимираниот филм се кинески војник од глина и Статуата на Слободата, а клучно е финалето на филмот во кое Статуата на Слободата вели дека е секогаш во право, дури и кога се негира самата себе, на што кинескиот војник од глина иронично одговара дека кај Американците најмногу сака што се „доследни во своите ставови“.

Во анимираниот филм војникот од глина постојано информира за случувањата поврзани со коронавирусот, на што Статуата на Слободата, вели дека сепак, тоа е само вирус.

На неодамнешната прес-конференција, американскиот претседател рече дека е убеден дека управувањето на Кина со корона пандемијата е доказ дека Пекинг ќе стори сé само тој да ги изгуби претстојните претседателски избори во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот