КИНА СЕ ЗАКАНИ СО ВОЈНА: Ако некој се обиде да го отцепи Тајван, нашата војска ќе биде подготвена да реагира

Кинеска војска / Фото: EPA/Roman Pilipey

Кинеското Министерство за одбрана предупреди дека се подготвени за нова војна ако Тајван се обиде да прогласи независност, а го предупредија и САД дека ја поткопуваат глобалната стабилност, осудувајќи ја и американската продажба на оружје на оваа островска држава.

Пентагон и Стејт департмент овој месец одобриле продажба на оружје на Тајван, вредно 2,2 милијарди долари.

Во ова оружје биле вклучени тенкови и Стингер ракети. Кина на тоа одговори со предупредување дека ќе воведе нови санкции кон сите американски компании вклучени во тој договор.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Кијан, на конференција за медиуми претстави документ во кој пишува дека Пекинг ќе направи се за мирно обединување со Тајван.

– Ако постојат такви кои ќе се осудат да го одделат Тајван од државата, кинеската војска ќе биде подготвена за војна, со цел да ги зачува националниот суверенитет, единство и територијален интегрирет – вели портпаролот на Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот