Кина се закани дека ќе го нападне Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да ја спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали, што претставува вербална ескалација кон демократскиот остров кој Пекинг го смета за своја територија.

Зборувајќи во парламентот по повод 15-годишнината од законот за борба против отцепување, Ли Цуошенг, началник на здружениот штаб и член на централната воена комисија, ја остави вратата отворена за употреба на сила.

„Ако мирното обединување не биде можност, вооружените сили со целата нација, вклучувајќи ги и жителите на Тајван, ќе ги преземат сите потребни мерки да ги скршат сите сепаратистички планови или потези“, рекол Ли.

Тој закон од 2005 година е законска основа за воена акција против Тајван ако се отцепи или се обиде да го направи тоа.

Иако Кина никогаш не ја исклучила употребата на сила за да го врати Тајван под своја контрола, многу ретко некој висок и активен воен функционер вака отворено се заканил на некој јавен настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот