Кина се противи на американскиот закон кој го потпиша Трамп

Кина денеска го повика на разговор американскиот амбасадор во Пекинг, Тери Бренстад, за да му изрази „силен протест” за одлуката на претседателот Доналд Трамп да го потпише Законот за човековите права во Хонг Конг.

Трамп претходно, како што пренесуваат британските медиуми, го потпиша законот, што го усвои Конгресот, за давање поддршка на демонстрантите во Хонгконг и санкции кон кинеските власти.

Заменик шефот на кинеската дипломатија, Ле Јученг, на американскиот амбасадор му пренел дека таквиот чекор претставува „сериозно мешање во внатрешните работи на Кина и сериозно кршење на меѓународното право”, пренесоа американските медиуми.

Потегот на Трамп кинескиот дипломат го нарекол „ отворен хегемоностички чин” и ги повика САД да не го применуват законот  за да спречат да се направи поголема штета во односите меѓу САД и Кина.

Во претходно објавено соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи остро се осудува потпишувањето на законот и најавените санкции кон Кина. Во него се наведува дека целиот народ на Хонгконг и на Кина се противат на таквата одлука.

Американските медиуми додаваат дека се уште не се знае како Кина, освен усната реакција, ќе постапи по оваа одлука на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот