Кина сака да работи со Северна Кореја за постигнување на регионалниот мир

си џипинг реизбран EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека Кина ќе биде подготвена да работи заедно со Северна Кореја за регионален и глобален мир, стабилност и просперитет, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA, цитирајќи го писмото на Си до Ким.

Државната новинска агенција KCNA не ги спомна неодамнешните ракетни лансирања на Северна Кореја кои ги зголемија тензиите на Корејскиот полуостров по заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, објави Ројтерс

Северна Кореја/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред 10 дена му укажа на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Пекинг има обврска да се обиде да ја одврати Северна Кореја од седмиот нуклеарен тест.

Северна и Јужна Кореја, Фото: МИА

Специјалниот претставник на Јужна Кореја за мир и безбедност на Корејскиот полуостров, Ким Гун, минатата недела побара активна соработка меѓу Кина и Русија за да се спречи Пјонгјанг да продолжи со ракетните тестови, неколку часа пред состанокот на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот