Кина распоредува тенкови во близина на Хонг Конг (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Кина распоредува воени возила во градот Шенжен, кој е само 25 километри оддалечен од Хонг Конг.

Распоредувањето на кинеските тенкови е јасен предупредувачки знак од Пекинг до демонстрантите во Хонг Конг.

Неколку снимки објавени на социјалните медиуми покажуваат долга поворка воени камиони и оклопни возила што влегоа во Шенжен во понеделникот наутро.

Кинескиот таблоид „Глобал тајмс“ објави компилација од разни снимки на кои се прикажани воени камиони кои се подготвуваат во Шенжен „пред големи воени вежби“.

Весникот исто така забележа во својот извештај дека 12.000 полицајци, тенкови, хеликоптери и возила амфибии се собрале во Шенжен на 6 август за да учествуваат во нешто што изгледа како вежби за одговор на немирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот