Кина пријави 22 случаја на ковид-19 од кои 20 се „увезени“

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Во последните 24 часа во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус, што е двојно повеќе од претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.

Од вкупниот број на новоинфицирани, 20 се увезени, а по еден локално пренесен случај има пријавено во Шангај и во провинцијата Тијанин.

Случајот од Шангај, како и случајот што претходниот ден беше пријавен во градот, е поврзан со контејнер од Северна Америка, што го чистиле две лица откако пристигнал на аеродром.

Потврдени, исто така, се и осум нови асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика.

Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.464 случаи на коронавирус, а умреле 4.634 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот