Кина повторно во проблем: Дали земјата ја зафати втор бран од корона вирус?

Архива

Иако напорите за превенција и контрола на корона ворусот се нормализирани, тоа не значи дека може да дојде до попуштање на мерките, вели Ми Фенг, портпарол на Националната комисија за здравство.

Кинеската здравствена управа соопшти дека во земјата повторно се регистрирани локални жаришта на корона вирусот последниве неколку дена и упати апел до надлежните повеќе да внимаваат при укинување на рестрикциите па дури и да се стопира процесот.

– Иако напорите за превенција и контрола на корона ворусот се нормализирани, тоа не значи дека може да дојде до попуштање на мерките, вели Ми Фенг, портпарол на Националната комисија за здравство.

Кинескиот град Вухан од каде и почна да се шири заразата, а вирусот го обиколи цел свет и однесе голем број жртви до сега, а предизвика и несогледливи економски штети, вчера извести дека повторно регистрирал кластер на корона вирус откако пред еден месец градот истакна дека се справил со епидемијата и беше повторно отворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот