Кина постојано го прекршува регионалниот мир, Су реагира

Премиерот на Тајван. Су Ценг-чанг/ Фото EPA-EFE/DAVID CHANG

Тајван мора да биде буден поради „највисоките“ воени активности на Кина што го нарушуваат мирот во регионот, рече премиерот Су Ценг-чанг еден ден по рекордното прелетување на 56 кинески воени авиони.

Тајван, почнувајќи од петокот, пријави 148 авиони на кинеските вооружени сили во јужниот и југозападниот дел на својата зона за воздушна одбрана во текот на четири дена, кога Кина го одбележа клучниот патриотски празник, Денот на државноста.

Кина го смета Тајван за своја територија која, доколку е потребно, би можела да биде окупирана и со сила, додека Тајван инсистира на независност и ја брани својата слобода и демократија.

Сива зона

Тајван ги нарекува воените активности на Кина „војна на сивата зона“, дизајнирана да ги осиромаши тајванските сили и да ги тестира нивните реакции.

„Тајван мора да биде буден. Кина е се поблиску до врвот. Светот виде како Кина ги повторува прекршувањата на регионалниот мир и притисокот врз Тајван. Тајван мора да се „зајакне“ и да се собере како едно“ вели Су.

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изјави дека се надева дека Тајван и Кина ќе можат да ги решат своите прашања по мирен пат, додавајќи дека Јапонија ќе продолжи да ја следи ситуацијата.

Мотеги, кој вчера повторно бил назначен за министерот за надворешни работи, од страна на новиот премиер Фумио Кишида, оцени дека геополитичката ситуација околу Јапонија станува се потешка, пренесува Ројтерс.

Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот