Кина поради Хонгконг воведе санкции за 11 Американци, меѓу кои се и шест сенатори

Фото: Профимедиа

Кина денеска објави дека воведува санкции за 11 Американци, меѓу кои се и шестмина законодавци, а сето тоа е затоа што лошо се однесувале по прашањето на Хонгконг.

Се работи за најновиот потег во ескалацијата на односите меѓу Кина и САД. Во петокот САД воведе санкции за Кери Лем која управува со Хонгконг и за уште 10 кинески и хонгконгшки функционери поради нивните улоги во кршењето на политичките слободи во регионот.

Тоа е најнова мерка која администрацијата на Трамп ја воведе за Кина поради контроверзниот закон за национална безбедност во Хонгконг.

„Постапките на САД во петокот претставуваат брутално мешање во работи на Хонгконг и кинеските внатрешни работи“, рече портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина Жао Лиџијан.

„Се работи за сериозно кршење на меѓународното право и основните норми на управување со меѓународните односи“, додаде тој.

Меѓу санкционираните се сенаторот Тед Круз и Марко Рубио, Том Котон, Џош Хаули, Пет Туми и Крис Смит.

Рубио за сето ова се огласи на Твитер порачувајќи дека не сака да биде параноичен, но смета дека Кинезите не го сакаат.

Си Ен Ен бараше и официјални коментари на сенаторите како и американската влада, но се уште не ги доби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот