Кина погодена од големите суши

Кина суши/ Фото EPA/QILAI SHEN

Кина објави прво предупредување за суша годинава додека властите се борат со шумските пожари и мобилизираат специјализирани тимови за заштита на посевите од високите температури низ сливот на реката Јангце.

„Жолтата тревога” во земјата, две нивоа под највисокото можно, беше објавена синоќа откако кинеските региони од Сечуан на југозапад до Шангај во делтата Јангце забележаа неколку недели екстремна жештина.

Во еден од важните дренажни басени на Јангце, во кинеската провинција Џиангкси, езерото Појанг се намали на четвртина од својата нормална големина за овој период од годината. Дури 66 реки во 34 окрузи во југозападниот регион Чонгкинг пресушија, објави денеска државната телевизија.

Исто така, беше наведено дека врнежите во Чонгкинг оваа година се за 60 проценти помалку во споредба со годишниот просек, а на почвата во неколку области и недостасува влага.

Во округот Бебеи, северно од градското подрачје Чонгкинг, температурата достигна 45 степени Целзиусови вчера, според Кинеската метеоролошка служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот