Кина почна со попис на населението: Седум милиони лица ќе попишуваат и две години ќе обработуваат податоци

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кина почна со спроведување на првиот попис на населението по 10 години и според тамошните власти ќе бидат потребни околу две години за обработка и анализа на податоците.

Во процесот ќе бидат вклучени седум милиони попишувачи. Како дел од пописот, освен изјаснување на општата популација во Кина, се планира и собирање на информации за односите помеѓу половите, за вработувањето, за образованието и за возраста на луѓето што живеат во земјата. За време на пописот, податоци ќе бидат собрани и за странците кои живеат во Кина повеќе од шест месеци.

Национални пописи во Кина беа спроведени во 1953 година, во 1964 година, во 1982 година, во 1990 година, во 2000 година и во 2010 година.

Според последните официјални податоци од 2019 година, населението во Кина број 1,4 милијарди лица, бројка во која не влегуваат жителите на островот Тајван и специјалните административни региони – Хонг Конг и Макао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот