Кина ослободи десет индиски војници по конфликтот на границата

Активисти на протестираат против Кина, палат кинески знамиња и фотографии со ликот на претседателот Си Џипинг / Бопал, Индија 16 јуни / Фото: EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

По конфликтот што се случи пред неколку дена помеѓу граничните сили на Индија и Кина во долината Галван, кинеските власти ослободија десет индиски војници, јавуваат медиумите во Индија.

Според Би-Би-Си, до нивното ослободување дојде по преговори, а Индија не ја потврди оваа вест, како и тоа дека некој од членовите на нејзините воени сили се води како исчезнат по инцидентот.

Сепак, се смета дека најмалку дваесет индиски војници настрадале во конфликтот, а најмалку 76 се повредени.

Кина не потврди дека имало жртви на нејзина страна, но, според непотврдените извештаи на индиските медиуми, најмалку четириесет кинески војници го загубиле животот.

Двете страни меѓусебно се обвинија за напад на странска територија.

Спорот меѓу Кина и Индија околу слабо обележаната граница во долината Галван, што доведе до недоразбирање во последно време, трае со децении, а ова е првпат за најмалку четириесет и пет години да има човечки жртви, пренесува Би-Би-Си. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот