КИНА НЕ ЗАПИРА: Основана е работна група што ќе работи на 6Г интернет

Фото: Aрхива

Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација – 6Г. Имено, кинеското Министерство за наука и технологија синоќа соопшти дека е основана и работната група што ќ́е работи на новата технологија.

„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6Г технологијата”, се наведува на интернет-страницата на Министерството.

Периодов, инаку, Кина ја воведе 5Г технологијата што овозможува 100 пати побрз проток на податоци од постојните 4Г мрежи.

Кинеската компанија Хуавеј, која се смета за водечка во светот во поглед на 5Г, исто така, е вклучена во истражувањата околу 6Г.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот