Кина не му издаде работна дозвола на дописникот на „Њујорк Тајмс”, потегот наиде на критики

– Забраната на новинар од Њујорк Тајмс да работи во Хонгконг го крши основното ветување за слобода на печатот, кое постојано му се дава на народот во Хонг Конг, тврди Стивен Батлер од ЦПЈ.

Кина наиде на критики откако властите одбија да му издадат работна дозвола на дописникот на Њујорк Тајмс која се однесува и за континентална Кина и за Хонгконг, јави ДПА.

Од Крис Бакли, кој неколку години работеше за весникот од Хонгконг, во мај беше побарано да ја напшти континентална Кина откако кинеските власти одбија да ја обноват неговата новинарска виза, соопшти американскиот комитет за заштита на новинарите (ЦПЈ).

Минатата недела властите во Хонгконг, исто така, одбија да ја обноват дозволата на Бакли да работи во специјалниот административен регион без да наведат никаква специфична причина, соопшти организацијата.

– Забраната на новинар од Њујорк Тајмс да работи во Хонгконг го крши основното ветување за слобода на печатот, кое постојано му се дава на народот во Хонгконг, тврди Стивен Батлер од ЦПЈ.

Батлер, координатор на програмата на ЦПЈ за Азија во Вашингтон, ги повика имиграциските власти во Хонгконг „да ја сменат оваа одлука, која го поткопува слободниот проток на информации клучни за успехот на Хонгконг”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот